ЗАБАВА

Каков стил имате, според кафето кое го пиете?


Комбинирањето на облеката и кафето со хаштаг #CoffeenClothes е најновата опсесија на Инстаграм социјалната мрежа.
Девојките ги споделуваат своите фотографии од модниот изглед секојдневно, но овој пат како главен детал е и изборот на кафе.

Ако направиме анализа на објавите на овој хаштаг, ќе дојдеме до интересен заклучок- изборот на кафето го опишува стилот на девојката.
Да видиме како тоа изгледа….

Црно кафе- минималист

Црното кафе асоцира на девојки кои се вистински минималисти кога се работи за модата.
Обожувате црно-бели комбинации, а облеката во плакарот ви изобилува со неутрални бои кои лесно се комбинираат на се и за секоја пригода.
Во ниту една пригода не си дозволувате да изгледате неуредно, а тоа се гледа по изборот на кафе и изборот на бои на облеката што ја поседувате. Сакате се да биде чисто, испегладно и со доза на перфекција.

Кафе Лате- кул класика
Девојките што се обожаватели на лате кафето имаат лежерен и кул стил.
Љубители сте на плетените работи, џинсот и долгите блузи. Постојано имате испирација за комбинирање на лежерни со кул парчиња. Кога сакате да изгледате секси тој изглед знаете да го направите да изгледа привлечно за секое око. Само вие ја имате умешноста да ја искомбинирате и најобичната блуза со нешто кул.

Еспресо- љубител на забави
Вие не се плашите да ги истакнете вашите способности и карактеристики. Според вас, се е во деталите и начинот на комбинирање. Сакате тренди парчиња и гардероба со светки. Високите потпетици се задолжителен дел од гардероберот и изгледот кога излегувате од дома.

Ајс кафе- трендсетер
Вие секогаш се носите по последната мода. Ги следите случувањата на модната писта и мислите дека инвестирањето во класични парчиња облека е без врска. Точно знаете кое парче од кој дизајнер е бидејќи ги следите сите модни новитети.

Капучино- вистинска класика
Како и вашата кафе нарачка и вашиот стил е изострена класика.
Љубители сте на едноставниот стил, безпрекорниот изглед и чистотата на облеката. Вашиот плакар е исполнет со безвременски парчиња, тренд облеката воопшто не е привлечна за вас. Освен тоа умеете на секоја класична комбинација да и додадете и модерна нота.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button