ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Владата го повикува УПОЗ на разговор: Платите не се високи, но можностите се лимитирани

Доколку УПОЗ вистински се грижи за платите на работниците, ги повикуваме на разговор за изнаоѓање решенија. Во спротивно, останува сомнежот дека УПОЗ е синдикална организација која одработува за нечии партиски интереси и за собирање ситни политички поени на грбот на граѓаните, соопшти Владата.

Advertisements

Владата потсетува дека е отворена за постигнување договор со сите синдикални организации преку дијалог. Како што нагласува, протестите не се најдобриот начин на комуникација, а секој предлог или сугестија од синдикатите се дискутира за да се изнајде решение прифатливо и во интерес на граѓаните.

-Протестите се малициозни и политички мотивирани. Владата докажа и покажа дека е партнер на работниците, затоа потенцираме дека сме подготвени да седнеме на маса и да ги разгледаме сите предлози од страна на синдикатите. Жалиме што УПОЗ и покрај Економско-социјалниот совет како тело во кое учествува и на кое секогаш сме дискутирале за сите предизвици, одбра да протестира. Штрајкот како прво решение не е легитимен чекор и покажува политичка инструираност. Доколку УПОЗ вистински се грижи за платите на работниците, ги повикуваме на разговор се со цел вистинско изнаоѓање на решенијата. Во спротивно останува сомнежот дека УПОЗ е синдикална организација која обработува за нечии партиски интереси кои не мислат ништо друго освен собирање на ситни политички поени на грбот на граѓаните, наведува Владата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button