
Предлог-законот на британскиот пратеник Ричард Холден, кој се залага за забрана на бракови меѓу роднини, предизвика контроверзии во парламентот поради потенцијалните негативни последици, а експертите веруваат дека таквата забрана би била „штетна“, пишува Гардијан.
Холден смета дека таквите бракови можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми, бидејќи го зголемуваат ризикот од наследни болести како хемофилија, синдром Коен и мускулна дистрофија.
Сепак, многу експерти сметаат дека забраната би била штетна и може да создаде нови проблеми, како што се загрозување на слободата и создавање социјална стигма, особено меѓу одредени етнички заедници, каде што браковите меѓу роднините се вообичаени.