Рокас: Да се искористи моментумот за проширување во ЕУ
Рокас: Да се искористи моментумот за проширување во ЕУ

Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на ЕУ, порача евроамбасадорот Микалис Рокас, пред пратениците во Собранието. Претставувајќи го извештајот на Европската комисија за 2024 година, Рокас рече дека сите политички партии треба да придонесат за зајакнување на улогата на Собранието како форум за конструктивен и инклузивен дијалог во однос на забрзување на реформите за членство во Европската унија. Спомена дека Собранието во текот на 2024 година, не успеа да обезбеди дветретини во Собранието за уставни измени.
„Постои вистински момент, постои вистинска посветеност и постои и обврска од наша страна да ви помогнеме на патот кон ЕУ. Како што сите видовте во неодамнешните извештаи, особено од Брисел, постои многу силен интерес и желба Северна Македонија да им се приклучи на соседите и да ги отвори првите кластери на преговори„, рече Микалис Рокас – амбасадор на ЕУ.