Синдикатот на вработените во администрацијата го продолжува протестот пред институциите
Синдикатот на вработените во администрацијата го продолжува протестот пред институциите

Синдикатот на вработените во администрацијата, правосудните органи поднесе барање за средба со премиерот Христијан Мицкоски, да се разгледа можноста за потпишување колективни договори и да се одобри покачување на платите за 30 отсто за вработените во некои министерствата и државните институции.
Според претседателот на синдикатот, Трпе Деаноски, доколку не се постигне договор по поднесеното барање, тие ќе го продолжат протестот.
СДСМ ја обвинува власта, велејќи дека Владата иако има најголем буџет во историјата од 6 милијарди евра, не ги зголемува платите на вработените.
Од 14 јануари вработените во управите за правда, животна средина, култура, економија и труд, транспорт и дигитална трансформација, како и Државниот завод за статистика протестираат поради неодобрување на покачувањето на платите./Алсат.мк
Авни Тахири