ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Меџити, дел од владината делегација на инаугурацијата на Трамп

Мицкоски и Меџити, дел од владината делегација на инаугурацијата на Трамп

На инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп, како што соопшти Владата, ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, првиот вицепремиер Изет Меџити, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и заменик-министерот за европски прашања Викторија Трајков. Како што соопштија од Владата, премиерот ќе присуствува и на свеченоста насловена „Гласови на слободата“, која ќе се одржи по инаугурацијата, а ќе ја организираат компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“.

Advertisements

„Се очекува за време на престојот, премиерот Мицкоски да оствари повеќе билатерални средби, контакти и средби со нови членови на администрацијата на претседателот на САД„, велат од Влада.
Исто така, премиерот Мицкоски ќе оствари средба со бизнисмени со потекло од земјата, на која ќе се разговара за економската соработка и можностите за инвестирање“.

Покрај владините претставници, на инаугурацијата ќе учествуваат и лидерите на коалицијата ВРЕДИ. Не прецизирајќи кој од четворицата партиски лидери ќе биде присутен, од ВРЕДИ кажаа дека самата покана испратена до нив е чест и гордост за нив.

„Со големо задоволство и гордост ја информираме пошироката јавност за честа што им е укажана на лидерите на најголемата албанска коалиција, со која се поканети да учествуваат на церемонијата на инаугурација на претседателот на САД“, велат од ВРЕДИ.

Но, Алијансата за Албанците се сомнева во транспарентноста на патувањата на властите во Вашингтон. АА ја повикува Антикорупциската комисија да испита дали трошоците се во согласност со законот.

„Ја повикуваме Антикорупциската комисија да преземе итни чекори за да ја испита и открие целосната транспарентност на патувањата на владините и државните лидери на инаугурацијата на американскиот претседател. Конкретно, бараме одговори на овие прашања:
1. Кој платил за билетите за учество на овој настан?
2. Кој ги покрива трошоците за патување и престој во САД?
3. Дали се искористени јавни средства за овие трошоци и по кој основ се оправдани?„, велат од АА.
На инаугурацијата на Трамп беше најавено присуство на поранешни претседатели и високи функционери на САД, многу премиери и претседатели на други земји, како и шефови на големи светски организации./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button