ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законот за заштита на децата, утре одново е на собраниска седница

Законот за заштита на децата, утре одново е на собраниска седница

Законот за заштита на децата утре одново е на собраниска седница, откако претседателката Силјановска Давкова пред неколку недели стави вето и го врати во Собранието. Пратеникот од ВЛЕН, Халил Снопче, за Алсат најави дека лиценците за вработените во градинки ќе бидат достапни и на албански јазик.

Advertisements

“Нема да додаваме други амандмани бидејќи имаше уставна пречка, таа е средена, но она што е загарантирано, што не беше случај во минатото а сега е, дека Албанците ќе полагат испит писмено и електронски на нивен мајчин албански јазик”, рече Халил Снопче – ВЛЕН.

Освен на македонски и албански, лиценцата ќе биде достапна и на други јазици, поточно на јазикот што го бара кандидатот.

Овој закон првично беше изгласан на 24 декември. Недонесувањето на овој закон за прв пат го поздравија СДСМ и Левица, додека од ДУИ велат дека намерата на претседателката била да ги прекрши правата на Албанците./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button