СВЕТ

Пожар во хотел во ски-центар во Турција – десет лица загинаа, 32 се повредени

Најмалку 10 лица се загинати, а 32 се повредени во пожар што избувнал во хотел во ски-центар во Турција.

Advertisements

Според турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, пожарот избувнал во 3.30 часот наутро на четвртиот кат од 11-катен хотел во Карталкаја, во северозападна Турција.

Според гувернерот на провинцијата Болу, каде што се наоѓа ски-центарот, Абдулазиз Ајдин, во хотелот во моментот на несреќата престојувале 234 гости.

Тој во изјава за државната новинска агенција Анадолу вели дека две од жртвите починале откако во паника скокнале од зградата.

Приватната телевизија НТВ објави дека некои луѓе се обиделе да се спуштат од своите соби користејќи чаршафи.

Од видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи може да се види дека во хотелот гори покривот и горниот кат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button