ВЕСТИСВЕТ

Американскиот Сенат едногласно го потврди Марко Рубио за државен секретар на САД

Американскиот Сенат едногласно ја потврди номинацијата на републиканскиот сенатор Марко Рубио за државен секретар во администрацијата на новиот претседател Доналд Трамп.

Advertisements

Сенатот го поддржа Рубио со 99 гласа „за“ и ниту еден „против“, неколку дена откако се одржа расправа за неговата номинација пред Комисијата за надворешни работи.

Рубио е првиот кандидат за позицијата на Трамп во кабинетот што ќе биде потврдена во Сенатот, неколку часа откако Трамп беше инаугуриран како 47-ми американски претседател.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button