ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Второто полугодие во Тетово, поради грипот почна со 250 ученици помалку

Второто полугодие во Тетово, поради грипот почна со 250 ученици помалку

Од 80 до 100 лица дневно бараат лекарска помош на инфективното одделение во Тетово, како последица на грипот. Најчести симптоми се треска и кашлица, вели инфектолог Борче Зафироски, кој препорачува максимално да се избегнуваат затворени простории со многу луѓе, за да се спречи ширењето на грипот.

Advertisements

Слична е ситуацијата и во детското одделение.

„Во однос на вирусот на грип значително е зголемен бројот на заболени и тоа само во декември 1.115 контроли, од кои 150 пациенти се хоспитализирани, додека во јануари до денес има 887 со 142 хоспитализирани пациенти. Децата имаат поголема веројатност да имаат симптоми на грип, како што се висока температура, кашлање и отежнато дишење“, рече Мерита Елези Рустеми, докторка.

Секторот за образование во општина Тетово соопшти дека како последица на грипот почетокот на второто полугодие во основните училишта во Тетово започна со над 250 ученици помалку./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button