ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека во моментов се собираат повеќе докази за тоа дали полицискиот службеник кој бил на смена кога поранешниот вицепремиер Артан Груби ја напуштил државата направил грешка од невнимание или, пак, тоа било спроведено во рамки на одредена група која го организирала бегството.

Advertisements

„За ова е отворена истрага и постапува Основното јавно обвинителство и во рамки на она кое ние го имаме како неспорен доказ имаме поднесено кривична пријава за лицето и истото е суспендирано од работа. Во моментов се води и истрага за тоа дали имало некаква комуникација и за каква комуникација станува збор“, вели Тошковски во гостување на Телевизија 24.

Со цел да се спречи вакво сценарио, Тошковски рече дека биле направени посериозни подготовки и биле ангажирани сите ресурси.

Според него, на границата имало и други дополнителни служби кои требало да реагираат доколку постои бегство но, како што посочи, тие не реагирале бидејќи станувало збор за тајна операција.

„Факт е дека на границата имаше други дополнително пратени служби да реагираат во рамки на евентуалното бегство на предметното лице, но исто така факт е дека не знаеја кого треба да стопираат затоа што тоа е дел од полициската оперативна работа. Никој не можел да претпостави дека еден полициски службеник што е на позиција, значи да го земе пасошот од одредено лице да го стави на скенер и откако ќе го скенира се појавува на компјутерот пред него дека одреденото лице е на стоп листа, дека наместо да гледа во компјутерот што му е основна работа, зошто е инаку на граница, за да продава цвеќиња или е на граница да провери дали лицето исполнува услови да ја напушти или да не ја напушти државата, тука тоа никој не можел да го претпостави“, рече тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button