ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судот ја уважи амнестијата за Јанакиески, Ристески и Вељаноски за „Организатори на 27 април“

Прекинат е кривичниот прогон на Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски, кои беа гонети како организатори на упадот во Собранието на 27 април. Судот денеска донесе решение со кое посочува дека амнестијата важи за нив.

Advertisements

Предметот се однесуваше за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“.

Судот ја донесе одлуката по доставеното мислење од Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција дека за обвинетите треба да се примени Законот за амнестија од 2018 година, со кој што во друга постапка беа ослободени поранешните пратеници Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, како и водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиески-Бетмен, Владо Јовановски и Игор Дурловски.

Инаку, како дел од организаторите во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но бидејќи не беа достапни за органите за прогонот против нив не беше покренато обвинение заедно со останатите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button