ВЕСТИСВЕТ

Трамп: Не сум сигурен дека воопшто би требало нешто да трошиме за НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот рече дека не е сигурен дека Сoединетите држави воопшто треба да потрошат нешто за НАТО, велејќи им на новинарите дека САД ги штитат членките на Северноатлантскиот воен сојуз, но тие „не нѐ штитат нас“, пренесува Ројтерс.

Advertisements

Трамп ги повторил своите претходни барања другите членки на трансатлантската алијанса да потрошат 5 отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбраната, што е огромен пораст од сегашната цел од 2 отсто и ниво на кое ниту една земја на НАТО, вклучително и Соединетите држави, во моментов не го достигнува.

„Не сум сигурен дека треба да трошиме воопшто нешто, но секако би трбало да им помогнеме. Ние нив ги заштитуваме. Тие не нѐ штитат нас. Тие треба да ги зголемат трошоците од 2 на 5 проценти“, им рекол Трамп на новинарите по потпишувањето на еден од извршните укази во Овалната соба.

Вашингтон финансира 15,8 отсто од годишните расходи на 32-члената воена алијанса од околу 3,5 милијарди долари. Тоа е најголемиот удел, покрај германскиот, според анализата на НАТО за 2024 година. Индиректниот финансиски придонес на САД во алијансата, која ги вклучува САД, Канада и повеќе од 20 европски земји, вклучува воени сили, но не го сочинува делот од годишниот буџет на организацијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button