ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ бара оставки од директорите на Онкологија, Таравари и Клековски

СДСМ бара оставки од директорите на Онкологија, Таравари и Клековски

СДСМ изрази сериозна загриженост за ситуацијата на Клиниката за онкологија, каде недостигот на лекови ја ставил под ризик терапијата на пациенти кои зависат од неа. Партијата бара оставки од директорите на Клиниката за онкологија, директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски, и министерот за здравство, Арбен Таравари.

„Изговори или оправдувања се неприфатливи кога станува збор за човечки животи. Хаосот на Онкологија мора да има одговорност. Овие лица не обезбедиле соодветна терапија за пациентите, што е директно животно загрозувачки“, велат од СДСМ.

Advertisements

Од опозицијата додаваат дека не бил преземен соодветен план за навремена набавка на лекови, не биле изработени системи за евиденција, и не постоел регистар за пациентите.

„Пациентите се оставени да страдаат, а власта решава проблемот со донации, додека истовремено најавува купување на авион“, обвинија од СДСМ.

Партијата истакнува дека оваа хуманитарна катастрофа е резултат на неодговорноста и неорганизираноста на актуелната власт и бара одговорност за непреземените чекори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button