ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се запали автобус на ЈСП во Сопиште, патниците навреме биле евакуирани

Се запали автобус на ЈСП во Сопиште, патниците навреме биле евакуирани

Командирот на скопската Противпожарна бригада, Звонко Томевски за „360 степени“ изјави дека пожарот бил пријавен во 12:33 часот и дека по нивната интеревенција тој е целосно изгаснат

Advertisements

Од МВР информираат дека автобусот се запалил во движење кај кружниот тек во село Сопиште и дека на едно лице кое кое вдишало чад му била укажана лекарска помош на самото место, додека други повредени лица нема

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска се запали во општина Сопиште.

Од видеото и фотографиите што ги објави државната новинска агенција МИА се гледа како гори задниот дел од автобусот.

Командирот на скопската Противпожарна бригада, Звонко Томевски за „360 степени“ изјави дека пожарот кај нив бил пријавен во 12:33 часот и дека по нивната интеревенција тој е целосно изгаснат и оти нема повредени лица.

Според Томевски станува збор за автобус на ЈСП кој сообраќа на линијата број 58.

„Пожарот е изгаснат и се работи на дорасчистување“,

ни изјави Томевски.  

Според него, во гаснењето интервенирале осум пожарникари со две противпожарни возила и не е дозволено огнот да ги зафати соседните објекти и дрвја во чија близина се наоѓал автобусот.

„Пожарот настанал во делот кај моторот, нема повредени, патниците се навреме евакуирани и предизвикана е само материјална штета“,

ни изјави командирот на скопската Противпожарна бригада. 

 

Од Министерството за внатрешни работи за „360 степени“ информираа дека пожарот избувнал додека автобусот се движел кај кружниот тек во село Сопиште.

Според МВР, на едно лице кое вдишало чад му била укажана лекарска помош на самото место, додека други повредени лица нема.

„Денеска (25.01.2025) околу 12:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај кружниот тек во с.Сопиште, скопско, настанал пожар во автобус на ЈСП во движење. Притоа, едно лице вдишило чад и на местото му е укажана помош од екипа на Итна медицинска помош, а други повредени лица нема. На местото излегла екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје“,

се вели првичната информација од МВР.

Поради настанот, сообраќајот на патот Припор – Сопиште е во прекин, најверојатно поради увидот што треба да го извршат истражните органи за утврдување на причините за пожарот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button