Високо образование, подготовка на нов закон
Високо образование, подготовка на нов закон

Преку новиот закон за високо образование, Министерството за образование настојува да ги намали студиските програми и да ги зголеми надлежностите во однос на постапувањето по нерегуларностите кои ги констатира во високообразовните институции. За Алсат, министерката Весна Јаневска вели дека законот наскоро ќе биде подготвен за јавна расправа. Потребна е соработка од универзитетите за да се реализираат целите.
Инспекторите за образование и комисиите на министерството веќе неколку месеци на некои универзитети констатираат одредени нерегуларности. Министерката вели дека надлежностите на ресорното министерство се ограничени и за целосно постапување против нив потребна е соработка на повеќе институции, меѓу кои и Агенцијата за квалитет на образованието, а во некои случаи и Финансиската полиција. Во моментов, универзитетите немаат проблем да ги плаќаат казните и да продолжат да прават прекршоци.
За да се донесат уште поригорозни одлуки, дури и до затворање на одредени студиски програми, Јаневска вели дека се потребни законски измени, бидејќи во спротивно, одлуките, согласно важечките закони, судот може да ги поништи.
Голем број универзитети во земјава беа во центарот на критиките за запишување студенти без исполнување на условите за функционирање на студиската програма, за недостиг на кадар со соодветни научни повици, за доделување дипломи без законски критериуми, за партиски вработувања, непотизам итн./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши