ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Еден од најфреквентните патишта во Скопје, Качаничкиот, е во тешка состојба

Еден од најфреквентните патишта во Скопје, Качаничкиот, е во тешка состојба

Ова е една од најпознатите улици во градот…(инсерти атмосфера)
Додека се работи на новиот пат што го поврзува Скопје со Приштина, патот познат како „Качанички пат“ во голема мера е оставен во заборав.

Advertisements

Властите долго време не преземаа никакви чекори за санација на овој пат, не наоѓајќи ниту привремени решенија, како што е пополнување на овие дупки кои се од овие размери.
Граѓаните се револтирани, велат дека како резултат на дупките, нивните автомобили се уништуваат.

„Секој ден проблем, со гуми со бандаши сите ги имаме скршено. Парите, милионите ги земаат, а дупките не ги средуваат. Секој ден поминуваме по овој пат“, рече еден граѓанин.

„Што да кажам, ова е главниот пат, Косово – Скопје, вака е”, додаде друг граѓанин.

„Не само да ги покријат, туку и да ги поправат, бидејќи секоја година плаќаме осигурување за овие дупки, а дупките не се покриени“, рече еден граѓанин.

Но, тоа не е единствениот пат во ваква состојба. Дупки со оваа големина има и на неколку други поголеми патишта во главниот град.  Градот Скопје нема одговор дали ќе преземе мерки за подобрување на состојбата./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button