ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува миграцијата на жителите на Полог кон европските земји

Продолжува миграцијата на жителите на Полог кон европските земји

Не застанува трендот на миграција во западните земји од Полошкиот регион. Основните и средните училишта се показател за ваквата состојба. Само во првите три дена од втората половина на годината, побарани се десетици отпусници за Германија, Австрија, Швајцарија и други земји.

Advertisements

„Има миграција, иако не можеме да ја споредиме со минатата година, но можеме да кажеме за 2024 година, но во 2025 година можам да кажам дека е загрижувачка бидејќи само во првите два дена од оваа полугодие имаме две отпусници за во странство, додека во 2024 година имало вкупно осум отпусници за Германија, Италија и Швајцарија. Ако се пресмета минатата и оваа прва недела од 2025 година, има десет ученици. Слободно можеме да кажеме дека ова е загрижувачко и ги гледаме тие последици“, рече Јетон Камбери, директор на СОУ „Кирил Печиновиќ“ Тетово.

„Во сите 12 основни училишта 57 ученици побарале отпусници, додека во средните училишта 17 ученици, односно 74 ученици, за разлика од лани кога имавме бројка од 130 ученици кои побараа отпусници меѓу двата полугодија и заминале во западните земји“, нагласи Назми Даути. Раководител на Секторот за образование, Тетово.

Низ годините се ветуваше дека ќе се спречи заминувањето на граѓаните во европските и западните земји, преку создавање услови, особено за младите. Во Полошкиот регион цели села останаа само со стари лица, како резултат на масовната миграција за подобар живот./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button