ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска сончево со умерена облачност и магла по котлините

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко, а по котлините во поголем дел од денот магливо и со ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 15 Целзиусови степени.

Advertisements

Како што информираат од УХМР,  во Скопје ќе биде магливо и тивко. Попладне ќе има делумно намалување на маглата. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 8 степени.

И утре времето ќе биде стабилно, по котлините магливо и постудено, а на повисоките места и на планините релативно топло.

Во среда во западните делови, а во четврток на повеќе места, ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој од петок ќе го промени правецот во северен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button