ВЕСТИСВЕТ

Оштетен е уште еден телекомуникациски кабел во Балтичкото Море

Шведските власти започнале истрага под сомнение за саботажа откако денеска било откриено ново оштетување на телекомуникациски кабел во Балтичкото Море што ги поврзува земјата и Латвија.

Advertisements

Во рамките на истрагата, како што соопштило доцна вечерва шведското обвинителство, запленет е и еден сомнителен брод кој се наоѓал во близина на местото каде е откриено оштетувањето, заедно со уште два други, пренесува ХРТ.

Што ја предизвикало штетата сè уште е нејасно, но се верува дека најверојатно станува збор за надворешен фактор, објавија латвиските власти на прес-конференција во Рига.

„Ги информиравме шведските власти и работиме заедно со нив на проценка на штетите и причините за инцидентот“, изјавила латвиската премиерка Евика Силина.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека во текот на денот бил во контакт со неговата латвиска колешка.

„Шведска, Латвија и НАТО тесно соработуваат по ова прашање“, изјавил тој.

Според властите во Стокхолм, оштетувањето е откриено во шведските територијални води на длабочина од најмалку 50 метри.

Денеска НАТО, чии членки се Шведска и Латвија, почна со распоредување патролни бродови во Балтичкото Море, кои треба да обезбедат заштита на критичната инфраструктура во овие води по зачестените инциденти со оштетувања на телекомуникациски и енергетски кабли.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button