ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова на одбележување на годишнината од ослободувањето на Аушвиц

Шефицата на македонската држава Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во посета на Република Полска, по повод одбележувањето на 80. годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на Освиенцим, близу Краков.

Advertisements

На настанот ќе присуствуваат бројни шефови на држави и влади, членови на кралски семејства и високи претставници на Европската Унија.

На церемонијата, покрај македонската делегација, ќе присуствуваат и претседателите на Австрија – Александар Ван дер Белен, Бугарија – Румен Радев, Чешка – Петр Павел, Естонија – Алар Карис, Финска – Александар Стуб, Франција – Емануел Макрон, Германија – Франк-Валтер Штајнмаер, Унгарија – Тамаш Шујок, Италија – Серџо Матарела, Молдавија – Маја Санду, Црна Гора – Јаков Милатовиќ, Косово – Вјоса Османи-Садриу, Полска – Анджеј Дуда, Словачка – Петер Пелегрини и Словенија – Наташа Пирц Мусар. Присуство најавија и премиерите на Белгија – Александар Де Кро, Канада – Џастин Трудо, Хрватска – Андреј Пленковиќ, Холандија – Дик Шуф, Норвешка – Јонас Гар Сторе и Шведска – Улф Кристерсон.

Меѓу присутните ќе бидат и членови на кралски семејства, како што се Кралот Чарлс III од Обединетото Кралство, кралот и кралицата на Белгија, кралот и кралицата на Данска, кралот Вилем-Александар, кралицата Максима и принцезата Катарина-Амалја од Холандија, принцот престолонаследник Хокон од Норвешка, кралот Филип VI и кралицата Летиција од Шпанија, како и принцезата Викторија од Шведска.

САД ќе бидат претставени од специјалниот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, додека од Израел ќе присуствува министерот за образование Јоав Киш.

Русија, која во 2005 година беше претставувана од Владимир Путин, овој пат нема да има делегација, поради тековната војна во Украина. – Тоа се нарекува ден на ослободувањето, и не мислам дека земја која не ја разбира вредноста на слободата има место на оваа церемонија“ж, додаде Цивињски.

Логорот Аушвиц, ослободен на 27 јануари 1945 година од страна на советските сили, е симбол на страдањата за време на Холокаустот. Од околу 1,3 милиони луѓе испратени во логорот, повеќе од 1,1 милион беа убиени, главно Евреи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button