Директорот на Фондот за здравство вели дека обезбедувањето терапии ќе се врши преку донации и преку анекси на договорите за набавка
Директорот на Фондот за здравство вели дека обезбедувањето терапии ќе се врши преку донации и преку анекси на договорите за набавка

Пациентите на онкологија се уште се без биолошка терапија, додека надлежните се надеваат дека Клиниката за онкологија неделава ќе биде целосно снабдена. Според министерот за здравство, недостигот настанал како резултат на зголемениот број на пациенти.
Директорот на Фондот за здравство вели дека обезбедувањето терапии ќе се врши преку донации и преку анекси на договорите за набавка.
За поплаките од пациентите на онкологија за недостигот на термини и бројните административни пречки што ги имаат, Таравари вели дека Клиниката за онкологија ќе се реорганизира за да се намали хаосот што се создава во онкологијата.
Пациентите не примиле шест неопходни терапии повеќе од една недела, додека постои ризик да снема уште четири. Пациентите од онкологија бараат биолошките терапии да бидат ставени на позитивната листа. За ова барање од Фондот за здравство вели дека веќе е зголемен буџетот за биолошка терапија, а на долг рок се планира подобрување на регистарот и се планира дел од таблетарната терапија да биде на позитивната листа./Алсат.мк
Линда Ебиби