По Хрватска, иницијатива за бојкот на пазарите е покрената и во Македонија
По Хрватска, иницијатива за бојкот на пазарите е покрената и во Македонија

По примерот на земјите од регионот, граѓаните покренаа иницијативи на социјалните мрежи за бојкот на пазарите во петок, 31 јануари. Според оваа иницијатива која зема замав на социјалните мрежи, бојкотот на маркетите се прави поради превисоките цени на прехранбените производи.
Организаторите на овој бојкот ги повикуваат граѓаните во петок да не пазарат и да не користат услуги од супермаркети, за да испратат јасна порака до одговорните за оваа економска состојба.
„Повикуваме на масовен бојкот во петок. Избегнувајте купување во супермаркети, избегнувајте помали пазари. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања“, се наведува во иницијативата.
Дел од граѓаните велат дека се подготвени да се приклучат на оваа иницијатива и да го бојкотираат купувањето во супермаркетите во петок, а други сметаат дека тоа нема да има ефект и дека граѓаните нема да толерираат да не одат во продавница да купат нешто.
Покрај граѓаните, на најавениот бојкот на супермаркетите го поддржува и Организацијата на потрошувачи на Македонија, која наведува дека тие не се организатори на оваа акција, туку ги поддржуваат граѓаните во поттикнување на бизнис секторот да ги намали цените на производите, особено прехранбените производи бидејќи тие се навистина скапи.
Оваа иницијатива започна во земјите од регионот како Хрватска, каде што на 24 јануари беа бојкотирани продавниците, трговските синџири и бензинските пумпи поради континуираното зголемување на цените. Повикот за нов бојкот продолжува, додека на социјалните мрежи се споделуваат видеа од продавниците кои ги намалија цените по бојкотот./Алсат.мк
Авни Тахири