
Детската клиника е преполна со пациенти, a најчести се оние со респираторни заболувања.
Реџеп Мемеди, директор на Клиниката, во интервју за АЛСАТ, вели дека доенчињата и децата до 4-годишна возраст се оние кои имаат најчести компликации како последица на грипот.
Тој вели дека во моментов имаат болнички капацитет за лекување на пациенти.
„Покрај благи симптоми на горниот респираторен тракт, често имаме и компликации, особено кај доенчиња и помали деца, до 4 години. Има појава на компликации како бронхопневмонија или воспаление на белите дробови, бронхиолитис, потоа имаме воспаление на мускулите, миозитис, Тоа се најчестите компликации кои се проследени со висока температура, отежнато дишење, а тоа се некои индиции кои нѐ принудуваат да ги задржиме на болничко лекување“, вели Мемеди.