СВЕТ
Пукање на границата со САД: Пресметка меѓу граничната патрола и членови на мексикански картел

Во близина на јужната американска граница дошло до престрелка меѓу агенти на американската гранична патрола и членови на мексикански картел.
Пукањето се случило во понеделникот околу 13:30 часот по локално време во близина на градот Фронтон, Тексас, кога група мигранти се обиделе илегално да влезат во САД, се вели во извештајот.
Според американската федерална служба нема повредени, пренесува New York Post.