ВЕСТИСВЕТ

Мнозинство од жителите на Гренланд се против припојување со САД

Мнозинство од жителите на Гренланд се против отцепување од Данска и припојување со САД, според најнова анкета спроведена од Вариан а нарачана од данскиот весник „Берглинске“ и гренландскиот „Сермицук“.

Ова е удар за претседателот на САД Доналд Трамп, кој веднаш по преземањето на фунцијата на 20 јануари, ги интензивираше напорите за ставање на Гренланд под американска управа.

Advertisements

Според резултатите од анкетата, 85 отсто од популацијата на арктичката самоуправна територија не сака да биде дел од САД. Околу шест отсто рекле претпочитаат да бидат со Америка отколку  Данска, додека девет отсто се неодлучни.

Трамп инсистира најголемата островска територија да падне по управа на САД поради поради безбедносни причини и одбива да каже дека нема да користи сила за да го реализира тоа. Тој исто така тврди дека популацијата на Гренланд би сакала да стане дел од САД. Неговиот интерес за територијата потекнува од неговиот прв мандат.

-Луѓето од Гренланд не се задоволни со Данска. Знаете, мислам дека се задоволни со нас, рече Трамп на 21 јануари.

Овој став не го споделуваат лидерите на Гренланд, и многумина од нив се залагаат за независност. Иако островот е дел од Кралството Данска, неговите 57.000 жители имаат продлабочена автономија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button