ВЕСТИРЕГИОН

Барањата не се исполнети, велат студентите и најавуваат продолжување на протестите во Србија

Барањата не се исполнети. Ова е пораката што студентите ја испратија до српскиот претседател Александар Вучиќ кој рече дека се што бараат се исполнува.

Advertisements

Студентите, како што објавија на Инстаграм, нагласуваат дека протестите продолжуваат, а за поднесените оставки од српскиот премиер Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, велат дека немаат врска со целта на студентите.

„Се работи за некаква ’ситна’ политика и ако луѓето навистина мислат дека нашите барања се поблиску до исполнување поради оставките на некои функционери, грешат“, вели еден од студентите на Филозофскиот факултет во Белград за регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button