ВЕСТИРЕГИОН

Во Косово е откриена е лабораторија за фалсификувани документи

Пронајдена е софистицирана лабораторија за фалсисификување на документи во Приштина, информираат косовските медиуми.

Advertisements

Косовската полиција прво запрела возило во кое нашла фалсификувани бланко документи, а потоа бил извршен претрес во куќа, која служела како лабораторија за изработка на пасоши, лични карти и возачки дозволи.

Пронајдени се и запленети се ласерски машини, принтери, повеќе од 20 илјади микрочипови и илјадници документи од 51 земја во светот.

Според информаците од косовските медиуми, полицијата нашла и запленила празни лични карти и пасоши со идентификација од Република Србија, Обединето Кралство, Бразил, Мексико, Германија.

Уапсено е лицето што управувало со автомобилот и одредена му е мерка притвор од еден месец.

Отворени се случаи за „Фалсификувани документи“ и “Организиран криминал“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button