Ратификувана Спогодбата со ЕУ за Инструментот за реформи и раст

Собранието денеска ја одржа 33. седница на која на натамошна постапка беше даден Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за инспекциски надзор, по скратена постапка, единствена точка на дневниот ред. Пратениците исто така во рамки на 27. седница ја ратификуваа и Спогодбата за Инструмент помеѓу Европската Унија претставувана од Комисијата и Република Северна Македонија претставувана од Владата на Северна Македонија, за посебни аранжмани за спроведување на поддршка од Унијата за Република Северна Македонија, во согласност со Инструментот за реформи и раст.
Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за инспекциски надзор, по скратена постапка, сега треба да се одржи амандманска расправа на Комисијата за политички систем и и да биде разгледан на Законодавно-правната комисија. Според информации од Собранието, се очекува законот да биде донесен во текот на утрешниот ден.
Предлагачи на измените и дополнувањата на Законот за инспекциски надзор, по скратена постапка се неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство. Пратеникот Бојан Стојановски образложи дека со измените инспекторатите влегуваат во состав на министерствата и веќе нема да бидат посебно правно лице.