СВЕТ
Кошта: Членките на ЕУ и НАТО подготвени да ги зголемат трошоците за одбрана над 2 отсто од БДП

23-те членки на ЕУ, кои исто така припаѓаат на НАТО, најверојатно ќе се согласат да ги зголемат трошоците за одбрана над сегашната цел од два отсто од БДП на самитот на Алијансата во јуни, што ќе постави ново ниво на трошоци, рече претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Тој за португалскиот јавен радиодифузен сервис РТП, рече дека закажал неформален состанок на лидерите на ЕУ за понеделник на кој ќе разговараат за инвестициите во одбраната и безбедноста.
На состанокот ќе присуствуваат генералниот секретар на НАТО Марк Руте и британскиот премиер Кир Стармер, пренесе Ројтерс.