ДУИ: Владата продолжува да создава „зони без Албанци“

Владата продолжува со создавање „зони без Албанци“ во државните институции, а тоа овојпат се огледува во составот на советничкиот тим на премиерот, каде речиси нема ниту еден Албанец. Ова е денешната реакција на Демократската унија за интеграција (ДУИ) откако Владата на својата официјална веб-страница ја објави листата на советниции на премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека системски се потиснуваат Албанците од позициите каде се носат одлуки.
„Оваа политика на мајоризација е позната во минатото и претставува реконфигурација на државниот систем, промовирајќи моноетничка доминација“, пишува во соопштението од партијата.
Оттаму додаваат дека мултиетничкиот карактер на државата, како едно од најголемите достигнувања, во целост е загрозено.
„Со овој потег Владата не само што го понижи албанскиот партнер, туку проектираше непријатно чувство на непожелност кај секој Албанец во земјата“, велат од ДУИ.
Според партијата, градењето инклузивни и функционални институции е основата на етничката рамноправност, но и една од суштинските европски вредности.