ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ до ДУИ: Создавањето некакви „зони без Албанци“ е само во главите на Ахмети и Артан Груби

По обвинувањата од Демократската унија за интеграција (ДУИ) за создавање „зони без Албанци“ бидејќи во тимот советници на премиерот Христијан Мицкоски нема речиси ниту еден Албанец, реагираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека создавањето некакви „зони без Албанци“ за кои зборува ДУИ има само во главите на лидерот на оваа партија, Али Ахмети, и поранешниот прв вицепремиер и висок партиски функционер Артан Груби, кој веќе еден и пол месеци е во бегство.

Advertisements

„Има ли поголема зона без Aлбанци кojа ДУИ и Ахмети ја направија по нивното над 20-годишно владеење каде избркаа десетици и стотици илјади луѓе надвор од државата по потрага по подобар стандард?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Наводите на ДУИ, од владејачката партија ги оценуваат како уште една лага и манипулација затоа што, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, во владиниот тим советници има и Албанец.

Тоа е професорот Шенер Биљали, надворешен советник на премиерот за односи меѓу заедниците, како и уште неколку национални координатори кои се Aлбанци. „Ние, за разлика од ДУИ, политиката не ја гледаме низ призма дали некој е Mакедонец или Aлбанец, туку единствено низ призма на компетенции и способност, нешто што е мисловна именка за ДУИ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека секогаш кога ДУИ е наводно загрижена за Албанците, тоа значи дека е најмногу „загрижена за своите лични и бизнис-интереси“.

Инаку, обвинувањата од ДУИ дојдоа откако Владата на својата официјална веб-страница ја објави листата на советници на премиерот Христијан Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button