
Чекањата до три часа на шалтерите на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за министерот за здравство е најкарткото време во во регионот дури и Европа. Арбен Таравари вели дека за време на водење на министерството двапати ги зголемил термините, додека според него постојано вршат притисок врз лекарите да закажат повеќе термини.
„Има чекања, но со целосна одговорност ви кажувам дека чекањето во Македонија е помало од каде било во регионот, дури и Европа“, рече Таравари.
Се уште не се знае кога ќе почнат да се градат катните гаражи на Клиниката „Мајка Тереза“. Беше ветено дека работите ќе почнат на крајот на овој месец, но тоа не се случи.
„Постапката е во Комисијата која ја анализира целата документација, во моментот кога ќе се анализира треба да ја дизајнираат и после тоа да видиме дали се комплетни документите бидејќи за жал само една фирма се пријавила. Има непредвидливост, бидејќи не се знае колку години клиничкиот центар ќе остане овде“, додава Таравари.
Изградбата на катни гаражи на клиниката е „кампања“ на речиси секој министер што седнува во фотелјата на Министерството за здравство. Многумина ветуваа, но никој досега не го исполни.
Линда Ебиби