ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО презема дејствија против Груби и Беџети

Обвинителството постапува по предметот за судијата Енвер Беџети и вицепремиерот во бегство Артан Груби, откако и двајцата претходно завршија на црната листа на САД поради сомневања за корупција. Сепак од обвинителството не откриваат детали за тоа што досега е откриено од страна на домашните истражни органи.

Advertisements

„Во предметот се постапува по допрен глас и се преземаат повеќе дејствија на проверки на сите околности, но со оглед на фазата во која се наоѓа постапката не сме во можност да споделиме повеќе детали“, велат од ОЈО.

За претседателот на здружението на судии Иван Џолев, јасно е дека секој судија вмешан во коруптивен скандал треба да одговара, но за конкретниот случај и тој вели дека нема доволно детали.

„Немам доволно информации сега за да дадам прецизен одговор, се согласувам дека секој еден којшто се огрешил, кој што бил фатен во некаква корупција или незаконито постапување дека треба да сноси санкција, меѓутоа во овој момент, за случајот немам доволно информации“, вели Џолев.

Кон почетокот на декември минатиот месец Артан Груби и судијата Енвер Беџети завршија на црната листа на САД поради сомневања за нивна вклучност во значителна корупција со прифаќање мито за нарушување на судските процеси поврзани со поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. Американската амбасадорка во земјава рече дека САД поседуваат докази за нивни коруптивни активности, а по ова и домашното обвинителство отвори случај, но досега епилог од оваа истрага нема.

Во 2023 година пак судијата Енвер Беџети беше тема и во судскиот совет, а тогаш членовите на советот утврдија дека Беџети неоправдано долго го чувал во фиока предметот Таргет-Тврдина со масовното прислушување, кој потоа застари, а во кој првоосомничен беше токму Мијалков. Сепак, и покрај утврдениот пропуст, Беџети беше само парично казнет.

Новиот претседател на судскиот совет Александар Камбовски пак, сега рече дека не смее да открие дали е одново е покрената иницијатива за да се бара одговорност од Беџети откако тој заврши на црната листа за сомневања за корупција со кои тој одново се поврзува со Сашо Мијалков.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button