МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Не секоја координација меѓу политичките партии значи дека Агенцијата се политизира

Со обвинувањата за политизирање на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги не се согласуваат партиите кои учествуваа во премолчениот договор, Според СДСМ, политичката координација не подразбира политизација и доволно е членовите, откако ќе бидат избрани, професионално да си ја вршат работата.

Advertisements

Од Левица велат дека предложените кандидати за членови се исто толку партиски војници колку и оние од минати состави.

Виктор Павловски, Сашо Стефановски и Петар Ѓуровски, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Цветанка Миновска, предложена од Знам, Гордана Манојлова, предложена од СДСМ, Афрона Верзиволи и Нафије Селмани, предложени од коалицијата ВЛЕН, се седумте кандидати за членови советот на Агенцијата за медиуми, кој доби поддршка од собраниската комисија за избори и именувања. За предлогот мора да се гласа и на пленарна седница.

Двајцата најспорни кандидати од првата седница кога се слушнаа нивните биографии беа токму двајцата кандидати предложени од коалицијата ВЛЕН, Афрона Верзиволи и Нафије Селмани. Првата беше назначена за главен ревизор на ИПА фондовите, но подоцна беше разрешена од Владата бидејќи немала сертификат. Во меѓувреме, кандидатката Нафије Селмани на изборите на 24 мај беше кандидат за пратеник во првата изборна зона, на шестото место на листата на коалицијата ВЛЕН Селмани беше и кандидат на Движењето Беса за градоначалник на Град Скопје, но и советник во општина Чаир, од редовите на Алтернатива.

Агенцијата за медиуми е со стариот состав, иако промената требаше да се направи во 2018 година. Постапката покрената неколку пати за нови членови пропадна поради немање политички договор.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button