ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Бојкот на маркетите поради високите цени

По повиците на социјалните мрежи, денеска (31 јануари) се очекува граѓаните да не пазаруваат во маркетите поради високите цени на прехранбените производи. Иницијативата која прво се случи во Хрватска, а вакви акции се најавени и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија, доби поддршка од пошироката јавност, како и од партиите од власта и од опозицијата, додека надлежните институции најавија ригорозни контроли во маркетите и трговските објекти и итна реакција на терен.

Advertisements

Премиерот Христијан Мицкоски деновиве неколкупати искажа разбирање за бојкотот и најави засилени контроли и казни за трговците кои го изигруваат законот и мерки за заштита на животниот стандард. Истакна дека нема да се дозволи, поединци да ги злоупотребуваат своите позиции и да заработуваат на грбот на граѓаните.

Засилен мерки против непочитување на законот од страна на трговците, најави и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Тој даде поддршка за иницијативата за бојкот, со став дека е тоа граѓанско право на потрошувачите и дека тие имаат право сами да одлучуваат како и каде ќе ги трошат парите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button