МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Mаксимална казна за сторителот кој ја усмрти Фросина, правда и поголема безбедност на улиците

„СДСМ изразува длабоко жалење и сочуство кон семејството на трагично загинатата Фросина. Овој шокантен настан уште еднаш ја покажува сериозноста на проблемот со безбедноста на улиците и потребата за итно и решително дејствување од страна на институциите.

Advertisements

СДСМ бара максимална казна за сторителот во брза и транспарентна постапка. Го поддржуваме револтот на граѓаните и нивните барања за правда и поголема безбедност. Во знак на солидарност Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) ќе се приклучи на протестот.

Протестите се легитимно право на народот да изрази незадоволство и барање за одговорност од оние што не си ја извршиле својата должност.

Владата и Министерството за внатрешни работи мора итно да преземат конкретни мерки за подобрување на безбедноста на улиците. Не смееме да дозволиме нови трагедии поради институционална небрежност.

Ги повикуваме сите надлежни органи да дејствуваат дејствуваат без одложување и да обезбедат правда за жртвата и нејзиното семејство. Време е за одговорност“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button