
Американските власти вчера соопштија дека се уште е нејасно зошто патнички авион и американски воен хеликоптер се судриле над аеродромот во Вашингтон, при што загинаа 67 лица во најсмртоносната американска воздушна несреќа во повеќе од 20 години.
Инспекторите ги пронашле таканаречените црни кутии од авионот на „Американ ерлајнс“ со 60 патници и четворица членови на екипажот. Авионот се судри со воен хеликоптер „Блек хок“ и се урнал во реката Потомак додека се подготвувал да слета на националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон во средата вечерта. Никој не преживеа.
Инспекторите го пронајдоа диктафонот од пилотската кабина и рекордерот на податоци за летот од патничкиот авион „Бомбардер“ ЦРЈ700, објави Националниот одбор за безбедност на транспортот (НТСБ). Во рок од 30 дена се очекува прелиминарен извештај за инцидентот.