СВЕТ
Норвешката полиција заплени брод со руски екипаж поради оштетен оптички кабел

Норвешката полиција денеска соопшти дека запленила норвешки брод со руски екипаж под сомнение дека е вмешан во оштетување на кабел со оптички влакна во Балтичкото Море.
Според полицијата, заплената била извршена на барање на латвиските власти, пренесува Ројтерс.
„Бродот е осомничен дека е вмешан во сериозно оштетување на кабел со оптички влакна во Балтичкото Море меѓу Латвија и Шведска“, се вели во соопштението на полицијата.