
Министерката за образование, Весна Јаневска, изрази задоволство што предлог-концептот за реформи во гимназиското образование предизвика големо внимание во деновите кога се најде на јавна дебата. Иако денес оваа дебата треба да заврши, Јаневска не ја исклучува можноста за нејзино продолжување, земајќи ги предвид континуираните реакции од професорите, главно од Филозофскиот факултет. Овие професори сметаат дека концептот ја намалува содржината на одредени општествени науки во средното образование, односно во гимназиите.
До Министерката за образование денеска упатија отворено писмо околу 30 професори од средните училишта по предметите Социологија и Граѓанско образование. Тие велат дека биле сведоци на серија турбуленции во образованието кои го наручиле основното образование.
“Разочарувањето се надополнува со фактот дека креаторите на оваа реформа, кои се кријат од јавноста, остануваат непознати за јавноста и тоа отвора сомнеж дека ова е уште еднаш реформски процес подготвен однапред и им е сервиран, преку инфилтрација на одредени структури кои имаат одредени лични интереси и овој деструктивен концепт на “реформирање на средното образование” ви го претставуваат како врв на човечкиот ум”, стои во Отворено писмо.
Според МОН, концептот за реформи во средното образование е подготвен со цел да се обезбеди современ, инклузивен и конкурентен образовен систем. Исто така од МОН велат дека истражувањата покажуваат дека и професорите и учениците ја препознаваат потребата од промени, особено во однос на модернизирање на наставните програми, воведување современи наставни методи и оценување и подобрување на вештините релевантни за 21 век./Алсат.мк
Мелихате Рустеми