ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Инспекторатите ќе бидат под капа на министерствата, наместо да бидат независни тела
Инспекторатите ќе бидат под капа на министерствата, наместо да бидат независни тела

Со 66 гласови „за“ Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор по скратена постапка. Согласно измените, инспекторатите ќе продолжат да работат како органи во состав на министерствата и нема да имаат сопствена буџетска сметка. Според СДСМ, вчерашните измени се продолжение на измените од 25 декември минатата година кога според нив Инспекторатите го загубиле статусот на правно лице.
Останува нејасен ставот на Инспекторатот за употреба на јазиците кој работи со посебен закон. Но, според најавите, истото ќе биде во надлежност на Министерството за правда.
Опозициската ДУИ денеска имаше не многу јасна реакција насловена како оркестриран напад врз Инспекторатот за јазици. Според нив, оваа институција се напаѓа намерно и координирано со цел да се деградира Балансерот, да се ослабне, а потоа целосно да се укине.
„ДУИ најостро го осудува ваквиот пристап и ја повикува владата, меѓународната заедница и сите граѓани да не го дозволат овој напад врз клучниот механизам за одржување на еднаквоста и спроведување на Охридскиот договор.
Според измените на Законот, инспекторатите нема да можат самостојно да спроведуваат постапки за јавни набавки и вработувања, ниту да одлучуваат за правата и обврските од работниот однос. Ова се прави со цел да се зајакне улогата на министерствата во надзорот на законите што се во нивна надлежност./Алсат.мк
Суад Бајрами