ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стотици млади луѓе секоја година во Тетово, сторители на насилство, врсничко насилство, кражби и употреба на дрога

Стотици млади луѓе секоја година во Тетово, сторители на насилство, врсничко насилство, кражби и употреба на дрога

Во Центарот за социјална работа во Тетово во текот на изминатата година се евидентирани над стотина деца како прекршители или деликвенти. Најголемиот дел од нив, вкупно 70, се евидентирани како сторители на насилство или врсничко насилство, информира директорката на Центарот за социјална работа во Тетово, Магдалена Веселиноска.

Advertisements

Веселиноска за првпат јавно ги објави бројките на деликвенти кои всушност се загрижувачки.

Психолозите препорачуваат поголема соработка и комуникација помеѓу реодителите и децата, за предизвиците со кои се соочуваат во адолесцентниот период.

„Напротив, треба да се тргне од основата, односно семејството, каде што треба да се промовираат вредностите на почит, толеранција и мир што е можно повеќе, бидејќи секој агресивен човек ги има овие особини. Едукација на просоцијално однесување, развој на емпатија кај младите, затоа пак велам да се почне од основата а основата е семејството, па училиштето. Семејството треба да биде пример за етика, толеранција, а обуката дефинитивно треба да се прави со родителите затоа што родителот е главниот кој треба да го следи своето дете и потоа доаѓа класниот раководител, толку повеќе има контакт помеѓу родителите, наставниците и педагогот на училиште“, изјави Нора Каса – Вејсели, психолог.

Советот за превенција од детско престапништво при општина Тетово, во својот план за оваа година, одлучи да стави поголем акцент на опасностите од предизвиците на TikTok.

„Карактеристично за детската деликвенција е што почесто ги гледаме во кражби, разбојништва и разни облици на насилство како тепање или учество во тепачки, но за жал има одреден број малолетници кои се инволвирани во кривични дела како наркоманија и овозможување на употреба на наркотици и продажба на истите. Неодамнешните предизвици кои беа широко распространети низ светот ги погодија и децата од нашата општина, така што нашата програма оваа година ја насочивме кон работа на овие теми за да се подигне свеста кај младите за различните ефекти што ги носат овие предизвици на светските социјални мрежи, па од следниот месец планираме да преземеме акција и со основците и со средношколците, но секогаш во соработка со стручните лица од областа и со родителите“, рече Блерта Ахмети, претседателка на Советот за спречување на деликвенција кај младите.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека постојано работат со училиштата и често одржуваат предавања за превенција, а предупредуваат на зголемени контроли во автобусите.

„Неодамна ги зголемивме проверките на возилата кои обезбедуваат јавен превоз за учениците до и од училиштата. Осомничените ученици се проверуваат за да се види што носат во торбите, за да се види дали наместо книги носат забранети предмети како оружје или остри предмети, за во иднина да нема посериозни последици при конфликти. СВР ќе продолжи и со предавања и разни превентивни проекти со учениците со цел подигање на свеста кај малолетниците за да се оддалечат од овие девијантни навики“, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Психолозите и надлежните институции препорачуваат подобра комуникација во триаголникот училиште-родител-ученик. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button