ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека судијката која го спаси Јованов од затвор, е блиска до СДСМ

Од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека судијката која го спаси Јованов од затвор, е блиска до СДСМ

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го спасила од затвор возачот убиец Васил Јованов, кој беше прогласен за виновен за трговија со дрога, е блиска до СДСМ. Всушност, како што истакнува Миле Лефков, штабот на СДСМ во општина Ранковце, се наоѓа во куќата на таткото на судијката Алексовска Стојановска.

Advertisements

Вчера беа објавени фотографии од притворското одделение во затворот Шутка на кои се гледа како Јованов користи мобилен телефон и покрај тоа што на притворениците строго им е забрането да користат телефони. Ова доведе до остра реакција и кај јавноста и кај семејството на Фросина, кои бараат одговорност за тоа кој дозволил Јованов да поседува телефон во затворот.
Веднаш интервенирала Управата за извршување санкции и службите на затворот Шутка, при што му бил одземен телефонот, а отворена е и истрага за можноста за вмешаност на затворски службеници.

Јованов, кој на 29 јануари возејќи пијан, без возачка дозвола и на црвено, ја прегази до смрт 23-годишната Фросина Кулакова, иако претходно бил фатен со дрога и прогласен за виновен, наместо да заврши во затвор, судот го испрати на ресоцијализација во воспитно-поправниот дом во Тетово. Но, тој не заминал во воспитно-поправниот дом бидејќи предметот е во жалбена постапка во Апелациониот суд во Скопје.
Граѓаните револтирани од страшниот настан во кој Фросина го загуби животот излегоа на протест. За демонстрантите ова не е несреќа туку убиство./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button