ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Надвозниците во Чаир и на Бит Пазар речиси воопшто и да не се користат

Надвозниците во Чаир и на Бит Пазар речиси воопшто и да не се користат

Во отсуство на функционален мост на Бит Пазар, старите лица се принудени да го минуваат патот со страв дека можат да бидат удрени од возилата. Недостасува пешачки премин, додека овде често се слушуваат сообраќајни несреќи со жртви на овој див премин на Бит Пазар во Скопје.

Advertisements

И покрај тешкотиите за минување на овој премин, граѓаните се принудени да се соочат со опасноста. Мостот е затворен додека следниот премин е на околу 300 метри.

“Тешко е, но што да правиме, старите не смеат да се возат, младите можат, но ние старите не можеме. Малку е опасно, нели? Да, многу е опасно може да не удрат автомобили. Има возачи што дозволата ја земале со пари и не знаат да возат, може да завршиш фатално“, рече еден граѓанин.

Граќаните речиси и да не ги користат надвозниците во градот. Недостасуваат лифтови за стари и инвалиди, дел од нив не се одржуваат, дел се затворени, додека останатите се користат само за рекламирање.

„Овде го ставија овој мост само за реклама, не за да поминуваат луѓе, за рекламирање и тоалети, не е мост за преминување, туку треба да биде под земја за постарите, па да е рамно, а не со скали да се стигне до таму”, додаде друг граѓанин.

Институциите остануваат без конкретен план за нефункционалните надвозници.

Мостот кај Бит пазар, кој не се користеше затоа што беше затворен, ги принудува граѓаните да преминуваат, иако е опасно, додека овој мост горе, иако е отворен, не се одржува, како што може да се види однадвор. Најмногу се користи за рекламирање, додека ретки се граѓаните кои го користат овој мост./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button