ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Патот кој води до селото Рашче во општина Сарај е претворен во депонија

Патот кој води до селото Рашче во општина Сарај е претворен во депонија

Зелените површини што ги гледате зад мене сега се претворени во диви депонии. Во моментов се наоѓаме на патот кој води до село Рашче во општина Сарај, кое според општината е една од најкритичните точки каде постојано се создаваат диви депонии и покрај тоа што комуналното претпријатие ги чисти.

Advertisements

Постојано се создаваат диви депонии поктај патиштата на неколку населени места во Општина Сарај, каде несовесни луѓе фрлаат различен отпад или се што е непотребно во нивните домови. Освен што ја загадува животната средина, отпадот што се фрла претставува и ризик за ширење на разни инфекции. Илас Весели, вршител на должноста градоначалник на општина Сарај, рече дека и покрај чистењето на овие депонии, истите преку ноќ повторно никнуваат благодарение на несовесните граѓани.

„Има неколку лица кои вршат услуги, транспортираат шут од разни уривања на ѕидови, градежен отпад, а истиот од други општини на територијата на нашата општина. Ние како општина и инспекторите што ги имаме во рамките на општината, не можеме 24 часа да ги покриваме сите населени места, колку и да сме опремени, не можеме постигнеме на сите населени места. Ќе биде потребна подлабока и поконкректна соработка со жителите на населените места„, рече Илас Весели, в.д. градоначалник на општина Сарај.

Додека бевме во центарот на Сарај сретнавме и многу жители од селата од оваа општина кои изразија делумно задоволство од одржувањето на чистотата во селата. Некои се пожалија дека плаќањето на општинските услуги е премногу, додека многу други се пожалија на недостиг од контејнери и корпи за отпадоци.

„На жителите им е скапо да купуваат корпи за отпадоци. Можеби можам да си дозволам, но има жители кои мака мачат за леб„, рече еден жител на село Лубин.

„Никогаш не сме биле задоволни и нема да бидеме. Ни ги земаат парите. Доаѓаат, ги празнат контејнерите во камион, се истура отпадот во земја и го оставаат таму каде„, додаде жител на село Чајлане.

„Ние не зборуваме за цена, зборуваме за услуга за да биде како што треба. За услугата што ја плаќаме мора да има надзор, да биде функционална„, рече жител на село Ласкарце.

Жителите на Сарај треба да одвојуваат 315 денари месечно за општинските услуги. Според податоците на Општината, во текот на 2023 година над 50 отсто од жителите ги платиле општинските услуги. Во текот на 2024 година оваа исплата е зголемена, а само во првите шест месеци од годинава подмирувањето на општински услуги достигнува само 50%./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button