ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити: Балансерот ќе премине во законско решение, казни за институциите кои не ја почитуваат правичната застапеност

Меџити: Балансерот ќе премине во законско решение, казни за институциите кои не ја почитуваат правичната застапеност

Балансерот ќе премине во законско решение, додека раководителите на институциите кои нема да ја почитуваат правичната застапеност ќе се соочат со казни. Ова го порача вицепремиерот Изет Меџити на средбата со граѓаните во Јегуновце.

Advertisements

„И тогаш кога тие самите се одлучуваа за балансерот, тие самите, во владата, имам одлуки со потпис,сите кои биле против балансерот со име и презиме, бидејќи ова не се само зборови туку и стенограми во влада и мислењата на нивните министерства и тие истите излегуваат со шатори да протестираат дека се укинува балансерот. Ние ви велиме не се грижете, бидејќи балансерот ќе го направиме законско решение, кој ќе биде закон и обврска за секој директор, министер, функционер, тој што нема да ја примени правичната застапеност ќе се соочи со казни било како институција, како правно ливе, било како физичко лице, директор или министер„, рече Меџити.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button