ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со повремен локален дожд

Денеска нè очекува променливо облачно време со слаб локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималните температури ќе се движат од -1 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 5 до 13 степени.

Advertisements

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно, а во делови од котлината магливо со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 3 до максимални 10 степени.

УХМР за во вторник најавува променливо облачно време со локален дожд. Во среда и четврток ќе преовладува стабилно време, а во петок и во текот на викендот на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button