СВЕТ
Тајван им забрани на владините служби да ја користат услугата за вештачка интелигенција DeepSeek

Тајван им забрани на владините оддели да користат услуга за вештачка интелигенција (ВИ) од кинескиот стартап DeepSeek, бидејќи тоа претставува безбедносен ризик, пишува Ројтерс.
Демократскиот Тајван долго време беше претпазлив за кинеската технологија со оглед на тврдењата на Пекинг за суверенитет над островот и неговите воени и политички закани против владата во Тајпеј.
„За време на состанокот на владата, тајванскиот премиер Чо Јунг-таи рече дека е забрането користење на DeepSeek во сите владини агенции „за да се обезбеди безбедноста на информациите на земјата“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.