
За потребата Европа да ги зголеми трошоците за својата одбрана, а воените трошоци да бидат изземени од финансиските правила на ЕУ, пишува грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во неговата колумна за „Фајненшл Тајмс“ и предлага формирање нов европски инструмент во висина од најмалку 100 милијарди евра евра за финансирање на нашите потреби за колективна одбрана, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис вели дека комбинацијата на руската војна против Украина, нестабилноста на Блискиот исток и пошироките глобални промени „значи дека Европа мора да преземе поголема одговорност за својата безбедност“, посочува дека ЕК проценува дека се потребни дополнителни инвестиции од 500 милијарди евра во одбранбениот сектор во следната деценија.
– Ова не е само неопходност, туку и можност да се обезбеди европска стратешка автономија, за која долго време се залагав. Но, за да се случи ова, потребна е колективна акција на два фронта: прво, потребен ни е одржлив модел на финансирање за зголемени трошоци за одбраната. И второ, треба да ја трансформираме европската одбранбена индустрија, пишува Мицотакис.