ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Не познат идентитетот на затвореникот кој помогнал на Јованов да добие мобилен во затвор

Не познат идентитетот на затвореникот кој помогнал на Јованов да добие мобилен во затвор

Се уште не е познат идентитетот на полицискиот затвореник кој помогнал 20-годишниот Васил Јованов, кој ја прегази и усмрти 22-годишната Фросина Кулакова, да добие мобилен телефон во затворот Скопје, каде Јованов се наоѓа во притвор. Со овој случај се занимава Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, но се уште не се знае за кое лице конкретно станува збор.

Advertisements

“Ние како Обвинителство го следиме овој настан вклучени се јавните обвинители во Специјализираното одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и затворската полиција и во секој момент чекаме да го идентификуваме или евентуално да го откриеме и идентификуваме лицето кое му го дало телефонот„, рече Ислам Абази, шеф на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

За обвинителството пак нема сомнение дека станува збор за дело со умисла и најавуваат дека ќе се бара најстрога казна за Јованов.

„Од досегашните докази за обвинителството е неспорно дека станува збор за кривично дело сторено со умисла, токму затоа обвинителството во овој случај против осомничениот води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот, ја уверувам целата јавност и семејството дека постапката ќе биде ефикасна и обвинителството ќе инсистира на најстрога казна„, рече Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител.

Во меѓувреме, додека Јованов се наоѓа во притворското одделение во затворот Скопје, на улиците на главниот град вчера се одржаа втори и помасовни протести на кои присутните побараа правда за Фросина, а најавија дека протестите ќе продолжат и во наредните денови. Дополнителен револт во јавноста се создаде откако излегоа информациите дека Јованов добил телефон доаѓа се нашол во притвор, а според информациите од директорот на Управата за извршување санкции, Јованов мобилниот го набавил од друг притвореник од соседна ќелија, благодарение на затворски полицаец, кој го овозможил тоа. Фросина Кулакова беше прегазена додека минувала на пешачки премин на зелено светло на булеварот Партизански одреди од страна на 20-годишниот Васил Јованов кој возел пијан и без возачка дозвола./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button